Петков: Треба да ги ставиме сите дискусии на сите вин-вин ситуации меѓу двете земји
Треба да ги ставиме сите дискусии на сите вин-вин ситуации меѓу двете земји, вели бугарски премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг.
Toj ветува дека ќе го прекине дипломатскиот ќорсокак околу пристапните разговори на Македонија со Европската унија.
„Ако двете страни почнат да зборуваат за добрите страни, подготвеноста да се постигне договор за важни прашања ќе биде полесна“, рече Петков.
Но, коалициските партнери на Петков, изразуваат неподготвеност да понудат отстапки, и Блумберг оценува дека неговата задача ќе биде тешка.
Петков вели дека работните групи ќе имаат почести средби за да постигнат напредок по ова прашање во текот на следните шест месеци, обезбедувајќи основа за Бугарија повторно да ја разгледа својата позиција.
„Значи, колку побрзо напредуваме со овие чекори, толку побрзо можеме да дојдеме со поконкретни рокови“, изјави Петков.
Вели дека ќе се заложи за паневропски механизам кој ќе штити од дискриминаторски третман на етничките групи.