Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков сам нема да одлучи дали Бугарија ќе го тргне ветото или не

Петков сам нема да одлучи дали Бугарија ќе го тргне ветото или не

Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека сам нема да носи одлуки, туку Народното собрание ќе носи одлука за тоа дали ќе го тргнат ветото за Македонија. 

„Министерството за надворешни работи сега мора детално да го образложи францускиот предлог до собраниската Комисија за надворешни работи и да донесе одлука. Повторно велам дека нема да донесам никаква одлука без да бидам поддржан од ставот на Народното собрание, изгласан од негово мнозинство“, вели Петков, пишува БГНЕС. 

Бугарскиот претседател Румен Радев го искара премиерот Кирил Петков, за кого кажа дека е бугарски премиер, а не француски курир. 

Вели дека Кабинетот никогаш не успеа да подготви бугарски предлог за случајот со Македонија, а сега го поднесува францускиот. 

Во Македонија опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека францускиот предлог е уцена. 

Слично

Поврзани вести