Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков очекува Македонија во следните 60 дена да има амбасадор во Бугарија

Петков очекува Македонија во следните 60 дена да има амбасадор во Бугарија

Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува Македонија наскоро да има амбасадор во Бугарија.  Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков појасни дека се надева тоа да се случи во следните 60 дена.

Петков ова го изјави за бугарските новинари кои известуваат за посетата на бугарската делегација на Скопје, откако имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски. Пендаровски му порачал на Петков дека штом ќе добие предлог за иден амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, нема да го одложи испраќањето. Петков вели дека профилот на идниот амбасадор ќе биде бизнис-ориентиран и прагматичен.

Петков денеска е на средба со државно политичкиот врв во земјава. 

Слично

Поврзани вести