Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков објави на кој датум доаѓа во Македонија

Петков објави на кој датум доаѓа во Македонија

Наскоро бугарскиот премиер Кирил Петков ќе дојде во Македонија. 

Тој најавува дека датумот на неговата прва посета најверојатно ќе биде 18-ти јануари. Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со македонскиот колега Димитар Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите. Петков рече и дека не разбира зошто мора да лета преку Виена за да оди во Скопје, укажувајќи дека треба да има летови Софија-Скопје. Дополни и дека не му е јасно зошто нема железничка врска помеѓу двата града.  Тој рече дека ќе се фокусираат на инфраструктура, економија, културни размени, влез во ЕУ и историја.

Бугарскиот премиер смета дека во прв план треба да биде она од што двете земји ќе имаат бенефит, и така полесно ќе дојде до решение. 

Македонија не ги почна преговорите прво поради француското, а потоа и поради бугарското вето.

Слично

Поврзани вести