Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков му објаснил на Макрон како напредуваат македонско - бугарските односи

Петков му објаснил на Макрон како напредуваат македонско - бугарските односи

Бугарскиот премиер Кирил Петков и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале за европскиот пат на Македонија.

Макрон го поздравил дијалогот и тоа што веќе ја имаме првата авионска линија Скопје-Софија, како и реализирањето на заеднички проекти. 

„Тој кажа дека оваа е правилната насока и го поздрави брзиот и конструктивен дијалог со Република Северна Македонија“, рече Петков.

Петков на средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рекол дека веќе има некои првични резултати во односите меѓу двете земји. Објаснил дека резултатите се постигнати во кус период поради новиот пристап во дијалогот. Петков изразил надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за постигнување заемно прифатливи решенија за политичките прашања. 

Додека не се тргне бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Претходно, Франција не дозволи Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести