Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков и Мицкоски разговарале за инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8

Петков и Мицкоски разговарале за инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска се сретна и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира партијата. 

На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји.

„Она што беше посочено е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски на средбата посочил дека наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и заемно почитување.

Слично

Поврзани вести