Петков „го исфрли“ Ковачевски од фотографијата со Блинкен
Премиерот Димитар Ковачевски вчера објави дека заедно со својот бугарски колега Кирил Петков имале средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините од Минхенската безбедносна конференција.
Ковачевски подоцна ја објави фотографијата од средбата, но истовремено Петков одлучи „да се фотографира сам“ со Блинкен.
Двајцата премиери во петокот на истата конференција остварија заедничка средба на која најавија интензивирање на соработката и дијалогот и за прашањата за кои треба да се најдат решенија на политичко ниво, во периодот кој следува.

Слично
