Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков ги отфрли тврдењата дека на 22 мај со македонската Влада ќе потпишат некаков документ

Петков ги отфрли тврдењата дека на 22 мај со македонската Влада ќе потпишат некаков документ

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска во Софија пред пратениците ги отфрли тврдењата дека на 22 мај во Македонија двете влади ќе стават потпис на конкретен документ. Петков изјави дека дури и доаѓањето на бугарската делегација не е финализирано. 

„Средбата се уште не е финализирана, но едно е сигурно, ние само го продолжуваме конструктивниот дијалог, но нема да биде потпишано ништо конкретно“, рече  Петков. 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија комуницираат, но нема усогласен документ. Тој не сака да ги крева очекувањата за деблокада во јуни и вели дека не се врзува со датуми. 

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија по дводневната средба во Софија соопшти дека разговорите поминале во конструктивна атмосфера. 

Во Бугарија деновиве протестираа поддржувачите на ВМРО-БНД, стравувајќи дека Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија и ќе дозволи почеток на преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести