Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петков: Дали навистина е во интерес на Бугарија РСМ да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија?

Петков: Дали навистина е во интерес на Бугарија РСМ да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија?

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за „24 часа“, меѓудругото одговара на прашања за тоа дали минатонеделната средба во Софија на лидерите од земјите од ЈИЕ меѓу кои беше и премиерот Димитар Ковачевски е најава за повлекување на ветото.

Тој прашува дали е нивни интерес Македонија да се оддалечи од ЕУ. 

„Според мене, тоа се важни прашања и треба да се решат да размислиме, особено кога има јасна тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија РСМ да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која не сака да го види цел Балкан е стабилен и во Европа“, вели Петков. 

Тој кажа дека сите треба да размислат зошто руската држава инвестирала во својата шпионска мрежа да работи против добрососедството на Бугарија со Северна Македонија. 

Додека не се тргне бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Претходно, Франција го блокираше стартот на преговорите. 

Слично

Поврзани вести