Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТИР МУ ПИША НА ХАН: Ве поттикнувам да ја осудите Тиранската платформа

ПЕТИР МУ ПИША НА ХАН: Ве поттикнувам да ја осудите Тиранската платформа

Европратеничката Маријана Петир, денеска испратила писмо до еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во кое бара тој да преземе чекори со кои Брисел ќе придонесе за смирување на состојбата во Република Македонија. 

Во писмото што го објави МИА, таа бара од Хан во име на ЕУ да ја осуди т.н. Тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја ­кандидат во внатрешните работи на друга земја­ кандидат и може да стане опасен преседан во меѓународните односи.

Според Петир, оваа платформа претставува јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ во сопствената земја барајќи конститутивни права за албанското малцинство, чиј број не е познат поради застарениот попис и кои целосно ги уживаат сите малцински права во Република Македонија.

„Давањето мандат за формирање нова влада стана заробеник на уцената за етничките платформи од страна на едно малцинство во земјата, како препорака од страна на премиер на друга земја­кандидат. Европската унија има обврска и одговорност кон Република Македонија и политичката криза со кој се соочува земјата, со оглед на тоа што приемот на Македонија во ЕУ е блокиран веќе 12 години. Јас ве поттикнувам да ја осудите оваа т.н. Тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја­кандидат во внатрешните работи на друга земја­кандидат, односно во Република Македонија. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во намалувањето на солидарноста во ЕУ и во светот, но исто така и во време на загрозена безбедност во светот“ - напишала Петир. 

Петир му напишала на Хан дека нови избори се решение за кризата во Македонија. 

Слично

Поврзани вести