Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петицијата за Пауновски во понеделник во Влада, таму остануваат на ставот дека непослушноста се казнува

Петицијата за Пауновски во понеделник во Влада, таму остануваат на ставот дека непослушноста се казнува

Нема нови најави од Владата во однос на разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски. Велат дека остануваат на истиот став кој го кажа премиерот и вицпремиерите вчера. 

Процесот го најави премиерот Зоран Заев нарекувајќи го пркос ставот на Пауновски да не ги прими тие 35 рамковно вработени лица, но денеска од Владата не соопштија ништо ново. 

Во инспекторатот се собираа потписи за петицијата со која од премиерот се бара да не го разрешува Пауновски и таа во понеделник ќе биде доставена до архивата на Владата. 

Денеска нема коментар ниту од вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби кои испратија вчера соопштение со објаснување зошто Пауновски не е во право. 

Согласно член 6 од Закон за организација и работа на органите на државна управа самостојниот орган на државната управа, каков што е Државниот пазарен инспекторат, за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија, а во законот се предвидени постапки за непочитување на одлуки на Владата, меѓу кои и предлог за разрешување, стоеше во соопштението.

Што ќе се случува не преферира да коментира ниту Пауновски. 


Слично

Поврзани вести