Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТИЦИЈА: Екологистите бараат да не се чепка НП „Маврово“!

ПЕТИЦИЈА: Екологистите бараат да не се чепка НП „Маврово“!
Неколку невладини организации за заштита на животната средина ќе поднесат петиција до Владата со барање да се откаже од намерата за изградба на две хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“. Екологистите се уверени дека хидроцентралите ќе го уништат биодиверзитетот и животната средина на тоа подрачје. Апсурдно е Владата националниот парк Маврово да го третира како градежна парцела во населено место, но нелогично е како со таков идеен проект аплицира за европски средства, укажуваат еколошките здруженија. Тие предлагаат парите за планираните хидроцентрали „Бошков мост“ и „Луково поле“ да се пренаменат за набавка на сончеви колектори и за инвестиции во други обновливи извори на енергија. Двете хидроцентрали во националниот парк „Маврово“ е предвидено да чинат околу 200 милиони евра, а со тие пари можат да се инсталираат сончеви колектори во многу македонски домови, сметаат еколозите. Идејата за изградба на хидроцентралите, на иницијатива на пратеникот на ПЕИ Рејхан Дурмиши, денеска се најде на дневен ред и на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. Тој предлага наместо „Луково поле“, Владата да ги гради „Чебрен“ и „Галиште“. Министерот за животна средина Абдулаким Адеми уеврува дека финалната одлука ќе се донесе врз основа на агрументите за влијанието врз животната средина. „Гарантираме дека постапката ќе биде транспарентна и дека нема да се изгради ниту еден проект кој ке влијае врз здравјето на граганите на Македонија и во соседството“, рече Адеми. Опозицијата бара проектот веднаш да прекине затоа што го смета за штетен за животната средина, но и за односите со соседна Албанија. Албанската Влада исто така се соочи со интерпелација за овој проект во Парламентот, од страна на опозицијата која тврди дека веќе постои договор за изградба на хидроцентралите во близина на македонско-албанската граница.
Слично

Поврзани вести