Петгодишно дете прегазено од автомобил
При удар од автомобил на локалниот пат во населбата Фериште повредено е петгодишно дете од струшкото село Долна Белица
Како што информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струга.
„По медицинскиот третман во струшката болница детето е префрлено во болницата Свети Еразмо во Охрид“, кажа Димоски.
Тој истакна дека вчера во 18 часот и 40 минути било пријавено дека на локалниот пат во населбата Фериште-струшко патничко моторно возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од селото Радолишта, удрило во детето, пешак.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Слично
