Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петeрле: Решението за спорот со името да биде прифатливо за двете страни

Петeрле: Решението за спорот со името да биде прифатливо за двете страни

Постигнат е напредок во областа за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но се очекува дека ќе следат и конкретни чекори, изјави пратеникот од Европскиот Парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламетарен комитет Република Македонија – Европска Унија, Алојз Петерле во интервју за „European Western Balkans“.

„За да се најде решение за спорот во врска со името на Македонија, а тоа да биде прифатливо за двете страни, потребно е да вложат напори и Атина и Скопје“ - вели Петерле. 

Тој додава дека е поголем оптимист отколку пред една година дека е можно да се постигне решение прифатливо за двете страни.

Коментирајќи ја соработката на ЕУ со новата македонска Влада, Петерле истакнува дека оние од ЕП кои ја следеле целата ситуација, го поздравиле завршувањето на политичкиот застој кој долго време ја парализирал Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Сепак задоволен сум што можам да слушнам дека многу соговорници гледаат нови моменти во соработката меѓу Брисел и Скопје. Треба да продолжиме да го надградуваме тој процес“ - вели Петерле.

Говорејќи за предизвиците со кои Македонија се соочува на патот кон ЕУ, тој изразува уверување дека македонскиот политички врв знае што точно треба да направи за да се затвори тој процес.

Слично

Поврзани вести