Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТДНЕВНОТО БЕБЕНЦЕ СО СЕМЈЕСТВОТО СЕ НА ПАТ НАВАМУ: Осмaни објави дека успеале да го напуштат Харков

ПЕТДНЕВНОТО БЕБЕНЦЕ СО СЕМЈЕСТВОТО СЕ НА ПАТ НАВАМУ: Осмaни објави дека успеале да го напуштат Харков

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, информираше пред малку министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој утроворече дека  од 50 државјани кои с еостанати во Украина најтежок е случајот на ова семејство кое има толку мало бебенце. Добра вест е што сега овие луѓе се на безбедно.

„Тие се на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје. Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина. Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, напиша Османи на фејсбук.
Инаку Османи на утрешниот брифинг рече и дека има наши граѓани – транспортери кои се на границата помеѓу Украина и Полска кои носат роба од Русија и додаде дека поради воениот конфликт кој се случува додека се тие во Украина, украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони.

Тие, информира Османи, се на безбедно, сами можат да излезат лично, меѓутоа не можат да излезат со нивните камиони, односно со стоката.

„Комуницираме со нив, се јавуваат и коморите, неколку дена се во нивните камиони. Комунициравме ние и со украинските власти коишто имаат многу други приоритети сега отколку оваа наша ситуација во која што се наоѓаме, нашиот амбасадор од Варшава замина на самиот граничен премин, се виде со овие транспортери да се обиде да помогне, меѓутоа тоа тешко оди – украинските власти не пуштаат продукти коишто се дојдени од Русија. Продолжуваме со активности и за овие луѓе коишто не се во безбеден ризик, меѓутоа тука се работи повеќе за економски последици што би ги претрпеле они заради тоа што камионите не ги пуштаат, рече Османи.

Фото: EPA/ SERGEY DOLZHENKO

Слично

Поврзани вести