Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петарди, зурли и тапани пред ДИК

Петарди, зурли и тапани пред ДИК

Пред просториите на Државната изборна комисија(ДИК) ечат зурли, тапани, а се слушаат и петарди. 

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ протестираат пред ДИК за како што велат да не ја украдат победата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Вештачењето на графологот покажало дека потписот на  Фатиме Сулејмани од Гостивар не бил автентичен. Приговорот на БЕСА за неправилности при гласањето на избирачкото место О396 во Гостивар, ДИК го прифати.

Евентуалното прегласување на ова избирачко место може да има влијание на конечниот резултат во мандати од ИЕ6. Но, за тоа да се случи ќе мора да се почека на пресудата на Управниот суд, која ќе биде конечното решение. Разликата во освоените гласови во оваа изборна единица беше 307 гласа, ана ова избирачко место регистрирани се 892 гласа.

Веќе неколку часа се постапува по приговорите на партиите. 

Слично

Поврзани вести