Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петарди го запалија депото на струмичкиот суд

Петарди го запалија депото на струмичкиот суд

Експлодирани петадри го запалија возилото во гаражата и конфискуваните материјали депото на струмичкиот суд како официјална верзија за причината поради која се случи вчерашниот инцидент.

Сепак, се уште не е познато кој, односно како се запалиле пиротехничките средства, кои биле претходно одземени со правосилна одлука. Станува збор за голем пиротехнички материјал и за кој истрагата проверува како се запалил, а од предизвиканите експлозии граѓаните на Струмица вчера биле вознемирени, незнаејќи за што станува збор.

Изгореното возило било во службена сопственост, а останатите предмети одземени со правосилни судски пресуди донесени пред повеќе години, кои се наоѓале во него. Пожарот го гаснеле две противпожарни возила и десет пожарникари.

За да се утврдат причините, ќе се прегледуваат и снимките од видео надзорот над објектот, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.


Слично

Поврзани вести