Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

Поранешниот советник во Советот на Град Скопје, Петар Шапе на својот Фејсбук профил пишува дека ќе поднесе предлог граѓанска иницијатива за Младинскиот културен центар-МКЦ да го носи името на прерано починатата музичка ѕвезда Андреј Ѓорѓиески.

Вели дека додека се зборува за тоа кој бил виновен, се испуштаат суштински работи. 

„Како поранешен советник во советот на градот Скопје, во периодот што следи ќе поднесам предлог граѓанска иницијатива, "Младинскиот културен центар-МКЦ" Скопје, да го носи името на прерано починатата музичка ѕвезда Андреј Ѓорѓиески-ДНК, уметник, хуманист,  човек, кој својот живот го жртвуваше за да спаси други млади луѓе. Во повеќе од 20 годишната музичка кариера, на Македонија даде голем број на хитови со кои растеа и ќе растат многу генерации. Ова е најмалку што можеме да направиме за нашата музика легенда. Се надевам дека иницијативата ќе биде прифатена едногласно од сите 45 советници. Ќе го негуваме ликот и делото на Андреј“, пишува тој. 


Инаку, Андреј загина во пожарот на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани. 

Слично

Поврзани вести