Петар и Агатангел го победиле Ковид-19 и одржале литургија
Владиците Петар и Агатангел го победиле вирусот Ковид-19 и за верскиот празник Цветници служеле литургија во своите епархии, објави „Религија“.
Г. Агатангел и Г. Петар минатиот месец беа на болничко лекување поради Ковид 19, но вирусот го поминале без сериозни компликации. Владиката Петар за „Сител“ пред две недели информираше дека тој и Агатангел дека не се чувствуваат загрозени и дека се лекуваат во приватна клиника, но и дека подоцна ќе објасни зошто се решиле на таков чекор.
Владиката Петар и минатата недела имал молитвено учество на Светата Божествена Литургија и се причестил со Светите Христови Тајни, а на крајот од литургијата зборувал и за неговото искуство со Ковид 19.
-Браќа и сестри, во ова тешко време за нас, сите го носиме својот спасителен Крст, па така и јас на оваа моја возраст, понесов уште еден Крст т.е. Крстот на оваа тешка и страшна болест, од која во моментот посебно е погоден и нашиот град, нашата Татковина и сиот свет, рекол Петар.
