Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТАР БОГОЈОСКИ ОСТРО ДО ВЛАДАТА: На што личи ова дерење до гола кожа на сиромашен народ од приватните установи

ПЕТАР БОГОЈОСКИ ОСТРО ДО ВЛАДАТА: На што личи ова дерење до гола кожа на сиромашен народ од приватните установи

Со остра реакција на социјалната мрежа фејсбук излезе македонскиот политичар Петар Богојоски, за високите цени за лекувањето на болните од ковид во приватните здравствени установи, но и за сите испитувања кои се поврзани со коронавирусот, како што се ПЦР тестовите, но и сите други потребни лабораториски испитувања.
„Добро на што личи ова... колони сиромашен народ чека на ред за дерење гола кожа пред аптеки, лаборатории, болници... за обични анализи, за оние несреќни ПСР тестови за корона... да не влезеш да не те заколат со куп пари... па нели бесплатно и социјално здравство имаме?!?

Па нели некој има срам бре во тоа Владата и Министерство за здравство???

Како можете да дозволите овој башибузлук да хара низ нашиот напатен народ?!? Како можете да ги дозволите овие цени за болнички услуги, на лекови и тестирања?!? Па нели сме во вонредна состојба?!?

Па нели со едно решение на Филипче може да се регулира тоа?!?

Па нели социјална влада бевте што се грижи за сиромасите?!?

Излезете бре од црните мерцедеси и застанете само една минута со овој народ во ред... погледнете ги во очи само секунда, оние жални женички кои се тресаат лекови да купат, зашто ќе немаат за леб... се тресат да направат корона тест, зашто тоа ги кошта половина плата... како бре срам немате?!? Како бре?!? Пууу јзк!!!“, пишува Богојоски на својот фејсбук профил. 


Слично

Поврзани вести