Петар Богојески: Заев засега е лидер под кирија во СДСМ
Петар Богојески, фракционерот од ВМРО-ДПМНЕ, за Дојче Веле вели дека Зоран Заев е „лидер под кирија во СДСМ“, но дека ако се наметне како „вистински“ тогаш опозициската партија нема да победи на следните партиски избори. Тврди дека доколку претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го наметне својот „струмички концепт“ на Бихаќка, тогаш ВМРО-ДПМНЕ со, како што вели тој, „груевизмот“ нема да се наметне како победник. Поранешниот заменик-секретар на ВМРО-ДПМНЕ вели дека и опозицијата треба да направи кадровски промени во самата партија и да го следи примерот на СДСМ.
„Не само реториката, политиките, статутот на партијата, кадровските решенија, меѓународните позиции, сѐ е исто, само Никола 'го нема'. Тоа е некој вид комоција за Заев и СДСМ, но не е гаранција дека нема да се случат покрупни промени во власта, доколку не бидат успешни овие промени кои Заев ги започна. Од тука, има некоја чудна причинско-последична врска помеѓу случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и оние во СДСМ. Често делува како да е координирано. Овие промени во СДСМ се поголема шанса за Заев да го наметне т.н. 'струмички' концепт”, кој е супериорен во однос на ВМРО-ДПМНЕ груевистичка, отколку реално да промени нешто во реализацијата на дадените предизборни ветувања. Тој концепт не успеавме да го поразиме повеќе од деценија, ниту на локално, ниту на државно ниво. Ако Заев успее тој негов концепт да го наметне во СДСМ и да стане конечно лидер на СДСМ, а не лидер под кирија како досега, тогаш ќе биде скоро невозможно ние да победиме на следните парламентарни избори со нашиот 'грујов концепт'“, изјави иницијаторот на реформи.
