Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петар Богојески: „Македонски концепт“ ќе бара забрана за носењето бурки и Болшевизмот во Македонија

Петар Богојески: „Македонски концепт“ ќе бара забрана за носењето бурки и Болшевизмот во Македонија

Петар Богојески, лидерот на „Македонски концепт“, најави дека во партиската програма за следните парламентарни избори, за кои тој очекува дека ќе бидат предвремени, ќе има предлог за закон со кој ќе се укине носењето на бурката, како и, како што вели, Болшевизмот како идеологија, мислејќи на „Левица“.

- Доколку имаме доволно пратеници, ќе предложиме закон за заштита на држаноста, а еден дел од него ќе вклучува и забрана за насилниот радикализам, бидејќи ја огранитува слободата на други вероисповести, согласно европските практики и принципи како што се во Франција, Швајцарија и Германија. 

Понатаму, овој закон ќе забрани промоција на идеолошки доктрони да нема, како што е русофилијата. Тука пред се мислам на „Левица“ како болшевичко заболување, за кои Севена Кореја треба да победи а Израел не треба да постои. Станува збор за повеќе предлози за граѓанска држава на сите за сите државјани. во која се загарантирани сите вредности, но да нема радикални болшевички и исламистички групи кои тоа ќе го ограничуваат, вели Богојески.

Тој по одржаниот конгрес на СДСМ вели дека во владеачката партија продолжуваат „дегенеративните процеси“ и напуштањето на европската агенда, што може да доведе до предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести