Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петар Богојески: Бугари не постојат, стига Красимир, ти си чист Македонец

Петар Богојески: Бугари не постојат, стига Красимир, ти си чист Македонец

Бугари не постојат, тоа е политички државен идентитет, тие се Македонци или Тракијци или Мизијци, пишува во своја објава на фејсбуг Петар БОгојески лидерот на Македонски Концепт. Во објавата Богојески му се обраќа на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на кого за кого вели дека чист Македонец.
„Во старо време, кога постоела само Бугарија како држава и кога сме имале заедничка Црква, сите сме биле Болгар милет / Болгари (особено школуваните и вработените во Бугарија), но секој знаел од каде доаѓа и што е! Јас знам дека е тешко за драгите пријатели од Бугарија да ја прифатат вистината, дека се пораснати во лаги и манипулации под контрола на болшевиците, но нема како поинаку освен да поминат низ тој процес на осознавање, вели Богојески

Каракачанов, продолжува Богојески, знае дека не е Бугарин.
„Знае дека неговиот дедо ја напуштил Македонија поради војните и етничкото чистење на Македонците од Егејот, но се срами од тоа дека ја напуштиле Македонија и не останале тука заедно со нас до смрт да се бориме за слободата на “Назависима Македонија”! Тоа прави да се чувствува непријатно и засрамено, па бегајќи од вистината, оформил огромна омраза кон тие кои сме останале да се бориме во Македонија и започнал непотребно да не мрази! Но тоа нема да му помогне да го сокрие срамот на дедите си! Ние за тоа не им се лутиме и одамна им простивме! Време е они сами на себе да си простат, да се ослободат од товарот на минатото и да започнат да живеат во сегашноста!

Краси брат, стига бе човек, напиша Богојески.




Слично

Поврзани вести