Петар Атанасов сака да коалицира со Максим Димитриевски: Тој е најпопуларниот политичар во моментов
Петар Атанасов, познат по тоа што летото 2019 поднесе оставка како заменик-министер за образование несогласувајќи се со пасивните реформи во секторот, ја основаше „Maкедонска Модерна“, а најави и можно коалицирање со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за следните парламентарни избори.
Според Атанасаов, парите се трошат недоговорно во државата, а политиката еродирала со слабеење на институциите. Неговата партија ќе биде централно ориентирана и вели дека се големи шансите да учествуваат на следните избори и да освојат повеќе пратеници, секако не сами.
„Со Димитриевски добро се познавам, ние сме и пријатели.Тој во моментов е најпопуларниот политичар во државата.Но за да се освои власта и да се влезе во Парламентот треба малку посериозен пристап и мислам дека можеме тоа да го направиме.Димитриевски беше сам против својата долгогодишна партија и успеа“, најавува членот на поранешниот владин состав.
Според него, најболна тема е состојбата во образованието каде владее хаос како никогаш до сега.
Хаосот во образованието се случува бидејќи образованието никој не го води, нема стратегија и не се знае каде оди.На образованието му треба тим кој знае каде го носи.Во овој момент нема согласност за големи реформи во ниту една политичка сила.Владата и министерството за образование подготвуваат измени на законот за високо образование од 2018 година кој е катастрофален кој повторно ќе го врати универзитетот многу години наназад и кој е обид на мала да се врати моќта на ректорите-објаснува Атанасов.
Учениците учат од скрипти затоа што системот не работи добро и не функционира.Начинот на кој се избираат министрите на вакви сектори не ни носи квалитет ниту прогрес.Недозволиво е министерот да не го познава секторот.Недозволиво е да поминат три четрири месеци министерот да се запознава со секторот“, вели тој во дел од своите видувања.
