ПЕТ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ - сопружници нападнале сопруги, свекрва нападнала снаа, но и татко сопствената ќерка
Наспроти апелите и револтот во јавноста за семејното насилство и фемицидите, но и во очи на денешниот празник 8 Март, Денот на жената, во нашата земја како да се зголемуваат нападите кон брачните партнерки или поранешни партнерки.
Според денешните податоци, во текот на вчерашниот ден биле пријавени дури пет случаии на семејно насилство во главниот град.
Притоа како што информираат од МВР, лишени од слобода се три лица, а две лица се повикани на службен разговор.
- На 07.03.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно - се посочува во објавата на МВР.
Во текот на вчерашниот ден се случил уште еден напад од страна на скопјанец кон неговата партнерка, но таа му возвратила со контра напад и го удрила со стаклено шише.
- На 07.03.2026 во 07:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише - се истакнува во објавата на МВР.
Во трет случај, се случил напад во кој се инволвирани малку повозрасни сопружници.
- На 07.03.2026 во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош фиизчки ја нападнал неговата 52-годишна сопруга - се укажува во билтенот.
Во текот на вчерашниот ден, се случил напад и од свекрва кон нејзината снаа.
- На 07.03.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршија службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа. Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија - посочуваат од МВР.
Денеска пак е пријавен напад во семејството, при што татко ја нападнал својата ќерка.
- На 08.03.2026 во 11:35 часот во Пoлициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка - пишува во билетенот.
