Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО НИЗ МАКЕДОНИЈА - гореше жито, ниска вегетација и запалено ѓубре на повеќе локации

ПЕТ ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО НИЗ МАКЕДОНИЈА - гореше жито, ниска вегетација и запалено ѓубре на повеќе локации

Пет пожари на отворено за 24 часа евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изминатото деноноќие во скопскиот регион се гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на селото Миладиновци, како и запалено ѓубре во атарот на село Сарај. 

Во Охридскиот регион се интервенирало на запалено ѓубриште во близина на комплексот „Набизи“. 

Пожарникарите од Неготино имале две интервенции - гаснеле запалено жито на површина од околу два декара во атарот на село Пепелиште и запалена ниска вегетација во месноста „Криволак“.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.706 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи.

Воедно ЦУК ги предупредува граѓаните да бидат особено внимателни при појава на локални кратки и нагли метео проемни, одобено онаму каде што најавува УХМР. 

Слично

Поврзани вести