Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ОД ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА БЕА НИВНИ УЧЕНИЦИ: Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината

ПЕТ ОД ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА БЕА НИВНИ УЧЕНИЦИ: Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината

Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината затоа што пет деца од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија се од училиштето.  

Од училиштето изразија длабоко жалење за трагедијата. 

„Трогнати од трагичниот настан во Бугарија каде го загубија животот пет ученици од нашето училиште, директорката, учениците и сите вработени во училиштето ,,Исмаил Ќемали”, ожалостени и до длабока болка сочувствуваме со семејствата опфатени во оваа трагедија“, известија од училиштето.

Веста ја објавија надлежните од училиштето на официјалниот профил. Владата прогласи тридневна жалост. Во Бугарија загинаа 46 луѓе, кои се враќале од Турција. 

Слично

Поврзани вести