Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЛЕТУВАЊЕ СО ЕДЕН МОТОР: Пет минути пред да слета на аеродромот во Скопје на авион на Визер му откажал мотор

СЛЕТУВАЊЕ СО ЕДЕН МОТОР: Пет минути пред да слета на аеродромот во Скопје на авион на Визер му откажал мотор

Авион на нискобуџетната компанија Визер пет минути пред слетувањето на аеродромот во Скопје се соочил со откажување на моторот, но леталото безбедно е приземјено.

Се сѐ одиграло во ноќта помеѓу четвртокот и петокот во 15 минути по полноќ, а авионот летал на релација Базел - Скопје.

Пилотите ја испочитувале пропишаната процедура во такви ситуации, кружеле над аеродромот за подготовка на конфигурација на авионот и успешно слетале.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство за МИА кажале дека откажал еден од двата мотори но дека авионот успешно слетал и дека патниците се истовариле без проблеми.

Слично

Поврзани вести