Пет „мали„ работи на кои многу трошиме
Иако парите се за трошење, сепак многу пати при проверка на сметката во банка не сме ни свесни на што сме потрошиле пари.
Одговорот е во „малите“ нешта кои го празнат буџетот.
Кафето и другите пијалоци повлекуваат доста пари. Било да е тоа кафе од автомат во текот на работното време, или кафе со колегите по работното време. Помножете со 22 дена во месецот и ќе видите колку пари трошите за оваа намена.
Друга причина заради која трошите пари е паркингот.
Пороците исто така чинат скапо. Ако пушите цигари, дури и по една кутија дневно, треба да одвоите пари кои не се за потценување.
Сакате да го исполните слободното време со посета на кино, концерти, спортски настани, но сето тоа чини и се плаќа.
Цената на горивата варира, а ако имате автомобил мора да ги планирате и овие трошоци. Автомобилот бара и одржување, технички прегледи, осигурување и слично.
