Пет линии од приватниот градски превоз во Скопје не возат поради неисплатен долг
Како што беше најавено, од утрово приватните автобуси на возачи од здружението „Макекспрес“ не возат на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 поради неисплатен долг од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.
Велат дека немаат повеќе пари за гориво затоа што не добиле исплата во последните три месеци. Долгот изнесува околу половина милион евра.
Веста ја потврди Милорад Димитриевски од превозникот „Макекспрес“, кој во своето здружение има 77 автобуси.
Вториот приватен превозник „Слобода превоз“ очекува дека до петок ќе добие исплата.
Слично
