Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет лица со потерници се бараат за „крвавиот четврток“

Пет лица со потерници се бараат за „крвавиот четврток“

Полицијата распиша потерници за Никола Митревски, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски, осомничени за насилствата на „крвавиот четврток“ на 27 април во Собранието. 

Судот во отсуство им определи мерка притвор, и веднаш штом ќе бидат пронајдени ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шутка. 

Инаку денеска на 23 лица обвинети за насилствата од 27 април им е продолжен притворот од 30 дена, на четири лица им е продолжен домашниот притвор, а на две лица мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

На 27 април во Собранието беа тепани пратеници, а повреден беше и премиерот Зоран Заев. 

Лицата кои се притворени се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. 

Слично

Поврзани вести