„ПЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ИЛИ ФОТОГРАФИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ“: поранешна вработена уценувала сопственик на кафана
Две лица од Куманово Псе уапсени и против нив е поднесена кривична пријава поради уцена на сопственик на угостителски објект исто така во Куманово.
Во кратката објава на Министерството за внатрешни работи, е посочено дека жена која работела во угостителскиот објект го уценувала соспственикот на објектот заедно со другото лице за да ја врати на работа или да и исплати 5.000 евра.
Без да откријат детали, од МВР посочуваат дека уцената била направена со закана дека на социјалните мрежи ќе објави фотографии од кујната на објектот и несоодветното ракување со храна во него.
- СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање негативна слика за угостителскиот објект.
Во извршување на делото ѝ помагал второпријавениот - се посочува во објавата на МВР.
