Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет грешки кои ќе го уништат вашиот бизнис

Пет грешки кои ќе го уништат вашиот бизнис

Претприемачите мора да бидат внимателни , бидејќи и некои ситни грешки може да бидат погубни за нивниот проект.

Еве како да ги избегнете петте најголеми грешки:

1. Непостоење на бизнис план

Ако во бизнисот се потпирате само на инстинктот наместо на бизнис планот, ќе паднете во неволја. Планот ви овозможува да се сконцентрирате на насоката о која тргнала вашата компанија и зошто ... како и колку сте успешни на тој пат.

2.Непознавање на пазарот

Промените во желбите на вашите клиенти како и производи на конкурентите може да ве остават на крајот на колоната-освен ако навистина не ги запознаете своите бизнис партнери и нивните сегашни и идни желби.

3. Работите се сами

Можеби вие сте клучна личност за сите, но не можете се да правите сами. И умерен почетен успех вас може да ве преоптерети ако не вработите луѓе и ги прераспределите должноста.

4. Занемарување на вработените

Успешно управување и мотивирање на вработените е еден од најголемите предизвици. Поголем број вработени значи и повеќе „човечки“ проблеми. Ако не се решат, тие проблеми може да ја уништат продуктивноста и да ја намалат добивката.

5. Занемарување на бројките

Како претприемач основна цел ви е да остварите добивка. Во секој момент треба да знаете во каква ситуација сте , дали имате прецизен и продуктивен систем на следење и анализа на клучните податоци.

Слично

Поврзани вести