Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ДЕНА ПОВЕЌЕ: Се пролонгира зимскиот распуст

ПЕТ ДЕНА ПОВЕЌЕ: Се пролонгира зимскиот распуст

Се продолжува зимскиот распуст за учениците. 

Тој ќе трае пет дена повеќе. Наместо на 18 јануари распустот ќе трае до 23 јануари. Оваа одлука ја донесе комисијата за заразни болести. 

„Оваа мерка е повеќе од потребна, имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на заболени од грип од нула до 14 години во време на распустот“- изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Секојдневно ќе се врши и темелна дезинфекција на организираниот јавен сообраќај во државата. Пред стартот на второто полугодие ќе се изврши и темелна дезинфекција на сите училишта.

Одлагање на почетокот на второто полугодие од учебната година претходно побараа директорите на сите основни и средни училишта во општина Струга. Се одлучиле на ваков чекор поради ниските температури, грипот и потребата да се заштедат нафта и дрва за греење. Некои од училиштата се соочуваат и со други проблеми како што се дефекти во водоводната мрежа. 

Слично

Поврзани вести