ПЕТ ДЕЦА ВО КОЗЛЕ СЕ НА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА: Директорот открива детали
Давесет деца позитивни на Ковид-19 се хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле, а од нив 5 се на кислородна поддршка, изјави Бесник Зекири, директор на Институтот во емисијата Магазин на Сител телевизија.
Од 20 деца, пет се на кислородна поддршка. Тоа не е класична кислородна поддршка како кај возрасните. Кај сите деца кои сме ги имале досега некаде 10 отсто од тие деца имаат потреба од кислородна поддршка. Тоа се деца кои имале некои хронични заболувања, на дишните патишта и за жал и тие деца имаат потреба од кислородна поддршка, вели Зекири.
Тој соопшти дека од кога почна училишната година не се зголемил драстично бројот. Сега има 20 деца, имало и такви кои доаѓаат амбулантно да се лекуваат или некои кои се лекуваат дома.
„Сите деца кои се високо суспектни имаат висока температура и кашлица. Тие се два симптоми кои се секако присутни. Ние ги прегледува и на рендген и гледаме дали има пневмонија. Тие деца се хоспитализираат, рече Зекири.
