ПЕТ АКТИВНИ ПОЖАРИ: Гори во Желино, Василево, Прилеп, Македонски Брод
На 19/20.07.2025 година до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати, соопштува утрово Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во:
1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).
Под контрола се два пожари,
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
Од ЦУК соопштуваат дека се изгаснати 22 пожари во последните 24 часа.
