ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет активни пожари, еден под контрола: ЦУК кажа каква е состојбата со пожарите

Пет активни пожари, еден под контрола: ЦУК кажа каква е состојбата со пожарите

Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои: 5 се активни, 1 е под контрола и 1 е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите: 
Општина Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

Под контрола е пожарот во Општина Велес – кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)

Изгаснат е пожарот во Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)

ad
Слично

Поврзани вести