Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСИМИЗАМ ВО БРИСЕЛ: Скоро и да нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето

ПЕСИМИЗАМ ВО БРИСЕЛ: Скоро и да нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето

Песимизам има во Брисел за почетокот на преговорите со Македонија.

Речиси воопшто нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето. 

Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8 декември од страна на министрите за европски работи.

Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Северна Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.

За Албанија ситуацијата е нејасна, велат од Советот, поради тоа што на земјата уште во претходните министерски заклучоци и беа наложени дополнителни услови. Сепак одреден број земји членки сметаат дека треба „посилна одлука за Албанија“, но неизвесно е дали Тирана сепак ќе добие почеток на преговорите оваа година, велат дипломатите.

Минатата недела премиерот Зоран Заев даде интервју за бугарската агенција БГНЕС, за кое уште не спласнуваат реакциите. 

Во тоа интервју Заев рече дека македонскиот и бугарскиот народ биле разделени поради Југославија. 

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи на земјата синоќа во емисијата Хит твит рече дека премиерот на Македонија, Зоран Заев, не е политички незнајко и дека знае оти неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни.

Дачиќ посочи дека знае дека на Заев му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ и дека тоа го прави заради тоа. Според него, сепак, значајно прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа.

Слично

Поврзани вести