Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешевски: Изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола

Пешевски: Изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола
За проектот „Тополификација на општините во Пелагонија“ беше информиран вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски за време на работната посета на РЕК Битола. - Станува збор за проект вреден меѓу 70 и 80 милиони евра за кој физибилити студијата е изработена, во тек е тендерска постапка за проектирање и очекуваме од средината или крајот на следната година да се влезе во конкретна реализација на она што ќе биде видливо за граѓаните, а тоа е изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола, изјави Пешевски. Тој додаде дека  покрај производството на електрична енергија ќе  има и производство на топлинска енергија со многу поголем коефициент на полезно дејство и при тоа ќе се добиваат над 200 мегавати топлинска енергија и  истакна дека освен за домовите на граѓаните тополоводот ќе биде искористен и од земјоделците за производство на производи од оранжериски тип.
Слично

Поврзани вести