Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешаците во Скопје мета на возачите

Пешаците во Скопје мета на возачите

На скопските улици продолжува брзото возење и ниска свест кои се одразуваат со газење на пешаци.

Полицискиот билтен вчера регистрира две прегазени лица во две различни незгоди во главниот град.

Имено, во првиот случај автомобил  „Даеву матиз“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.С. (64) удрило во 27-годишен пешак В.Р. од Скопје, а во вториот случај на сообраќајна незгода во 17:30 часот на улицата „Љубљанска“ патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (53) од Скопје удрило во пешакот И.Б. (28) од Скопје.

Поради сериозноста на повредите пешаците се префрлени со градската болница  „Св. Наум Охридски“.

Оттука ги повикуваме надлежните да преземат построги мерки и почести контроли. Пешаците најмногу страдаат од несовесните возачи, но апелираме и до самите пешаци да внимаваат каде се движат.

Слично

Поврзани вести