Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пешаците повнимателни, возачите уште прелетуваат на црвено

Пешаците повнимателни, возачите уште прелетуваат на црвено

Во текот на изминатиoт ден (17.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди од кои пет со тешки телесни повреди, шестсо телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со тешки телесни повреди и седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 34 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 26 возачи, бидејќи 14  го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и 10 го управувале возилото под дејство на алкохол. Седум возила се исклучени од сообраќај бидејќи шест биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Седум возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минувивање на пешаци, четворица неправилно се престроиле, тројца неправилно престигнувале  и тројца не користеле заштитен шлем. Изминатиот ден не бил санциониран ниту еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози, додека, исто така, 44 возила се подигнати со "Пајак". 


Слично

Поврзани вести