Персоналот на Амбасадата на Србија е повлечен на консултации во Белград?
Целиот персонал на Амбасадата на Србија во Скопје денеска бил повлечен на консултации во Белград, објави Алсат М.
Нота со ваква содржина примило македонското МНР, но во документот не биле наведени причините за повлекувањето на српските дипломати.
Од Министерството за надворешни велат дека се обидуваат во комуникација со српските власти да ги дознаат причините за ваквиот чекор. Според Виенската конвенција, Македонија презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Србија во Скопје.
Слично
