ПЕРПАРИМ БАЈРАМИ ОДБРА АДВОКАТ ШТО ЌЕ ГО ЗАСТАПУВА: Антонио Апостолски пред судот рекол дека не знае каде се наоѓа неговиот клиент
Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државната Лотарија, за свој застапник пред судот го одбрал адвокатот Антонио Апостолски од Скопје. Вчера преку близок роднина на адвокатот Апостолски му било предадено полномошно лично потпишано од осомничениот Бајрами, за кого судот определи мерка притвор. Но, пред судот адвокатот изјавил дека нема информација каде се наоѓа неговиот клиент. Се шпекулира, како и за Артан Груби, дека и Перпарим Бајрами е избеган на Косово или во Албанија.
Слично
