Економија, финансии, бизнис

Контакт

Перо Костадинов: Општина Валандово е подготвена да отстапи простор за дневни центри за лицата со попреченост

Перо Костадинов: Општина Валандово е подготвена да отстапи простор за дневни центри за лицата со попреченост

Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да им излезе во пресрет на децата и возрасните со попреченост, информираше  градоначалникот Перо Костадинов.

„Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост. Сите сме различни, но заслужуваме еднакви шанси!“ - напиша градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на својот Фејсбук профил.

Оваа реакција следи по денешниот протест во селот Тимјаник кои не дозволуваат да се направи мал групен дом за лицата со попреченост.

Нема да дозволиме да се отвори центарот за деца со попреченост во Тимјаник, ѝ рекоа денеска жителите на селото на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. 

Слично

Поврзани вести