Перо Камиказа бара поддршка да се кандидра за градоначалник на Скопје
Поранешниот актер и член на култниот бенд „Меморија“, Петар Георгиевски, го испитува јавното мислење пред да одлучи дали да биде независен кандидат за градоначалник на Скопје пред локалните избори во октомври.
- Да се кандидрам или не за градоначалник на Скопје? Да се биде или не? Од вас зависи. Како независен, разбира се. ФБ гласањето може да почне. За да знам дали ќе соберам доволно потписи. 48 часа ќе биде отворено гласањето. Благодарам однапред за поддршката, напиша популарниот Перо Камиказа во онлајн анкетата што ја објави на социјалните мрежи.
Постапката за собирање потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ.
Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 8 до 20 часот, а на 30 август до полноќ
