Економија, финансии, бизнис

Контакт

Перо Антиќ го испрати поголемиот син на Панчо на полуматура

Перо Антиќ го испрати поголемиот син на Панчо на полуматура

Македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ покажа дека вистинското пријателство не завршува со заминувањето на блиските луѓе. Во чест и спомен на својот прерано починат пријател Владимир Блажев – Панчо, Антиќ го испрати неговиот поголем син Андреја или како што тој го нарече Блажев Јуниор на полуматура, правејќи гест кој допре многумина, објави Женски магазин.

Во јавноста одамна беше познато дека Антиќ и Панчо негуваа искрено и силно пријателство, а овој чин беше уште една потврда за почитта и љубовта што ја носи кон него и неговото семејство. На видеата што ги сподели на Инстаграм, Антиќ емотивно напиша: „Блажев Јуниор. Среќна матура, лепотану“.

Овој момент доби посебна тежина ако се има предвид трагедијата што го одбележа животот на семејството Блажев. Владимир Блажев – Панчо, член на групата ДНК, го загуби животот како последица на повредите здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На 16 март 2025 година, токму таму ДНК го одржа својот последен концерт.

Гестот на Антиќ беше повеќе од обично испраќање на полуматура – беше тивка порака дека спомените, пријателството и почитта кон оние што прерано заминале продолжуваат да живеат преку делата и поддршката кон нивните најблиски.


Слично

Поврзани вести