Економија, финансии, бизнис

Контакт

Перински седна во директорската фотелја на Фондот за здравствено осигурување

Перински седна во директорската фотелја на Фондот за здравствено осигурување

Златко Перински од денес е нов директор на Фондот за здравствено осигурување, откако претходно Владата донесе таква одлука.
Доскорешниот министер за локална самоуправа ќе го менува Сашо Клековски, кој пак со реконструкцијата на Владата стана министер за здравство.
„На примопредавањето на функцијата со д-р Сашо Клековски разговаравме за состојбите во Фондот за здравствено осигурување, тековните активности и обврските што следуваат во наредниот период.

Пред мене е голема одговорност. Фондот е една од клучните институции во здравствениот систем и мојата цел е со посветена работа, добар тим и јасни приоритети да придонесеме за поефикасни услуги и поголема сигурност за осигурениците.

На д-р Клековски му посакувам успех во извршувањето на функцијата министер за здравство“, објави Перински.


Слично

Поврзани вести