Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕРИНСКИ ПО СОСТАНОКОТ СО АРСОВСКА: Сега сме позагрижени отколку пред состанокот

ПЕРИНСКИ ПО СОСТАНОКОТ СО АРСОВСКА: Сега сме позагрижени отколку пред состанокот

Сега сме позагрижени отколку пред состанокот,  изјави попладнево министерот за локална самоуправа, Златко Перински по средбата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. 

Потоа додаде дека на состанокот како Влада не слушнале ништо конструктивно за решавање на проблемите.

„Очајна е состојбата, и како заклучок се донесе дека немањето комуникација помеѓу советничките групи во Град Скопје, е една фаза од препреките, и затоа градоначалничката предложи до крајот на оваа недела да состави некаков план кој ќе биде презентиран пред советниците, иако нашите очекувања не се големи морам да признаам. Во таа насока ќе почекаме до крајот на неделава да видиме што план ќе се донесе, и во основа на тие заклучоци ќе носиме заклучоци. Како влада можевме да одбереме да не се мешаме во работата на Градот, но одлучивме дека приоритет ни се граѓаните. Зборувавме за две Јавни прептијатија, едното Комунална хигиена, и второто ЈСП, и заклучивме дека ќе имаме поголем проблем со почеток на школската година“, изјави Перински.

Вели дека градот има сериозни проблеми, на многу микро локации сметот не се собира, дека во јавните претпријатија има сериозни проблеми. Рече дека и непостапувањето е кривично дело. 

Слично

Поврзани вести