Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

ПЕРИНСКИ ИЛИ ЃОРГИЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ СЛЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ? Николоски открива во Бизнис муабети на Фактор, целиот поткаст гледајте го тука

Александар Николовски, министер за транспорт и врски, вицепремиер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во бизнис муабети на фактор.мк. Автопатот Кичево - Охрид, ќе биде готов до 2026, а 40 километри од делницата ќе биде готова до почеток на летна сезона. Надзорот на работата на Бехтел и Енка не си ја знае работата, па сега сме доведени во состојба јас и Коце Трајановски да бидеме надзор и еднаш неделно имаме тешки дискусии со Бехтел и Енка. Сепак, признава Николовски на конзорциумот за 2025 е предвидена исплата на 120-130 милиони евра, но ќе зависи се од динамиката. Николовски поднел кривични пријави за злоупотреби, а во друг случај на директорот на бирото за јавна безбедност му предал документи за соменавања за упад во електронскиот систем за градежно земјиште. Кога влегов во министерство наликуваше како да сум во фирма во претстечајна постапка. Со Виктор Орбан сме пријатели и тоа не го кријам, теорија на заговор се информациите дека Орбан бара од нас да го вратиме Грувски, тоа не е точно. Данела Арсовска е наша грешка, а на прашањето дали Златко Перински или Орце Ѓоргиевски се следни кандидати за градоначалник на Скопје, Николовски вели дека е рано сеуште. За лутите пораки со Борисов и денес Николовски вели јас сум сеуште министер, а Борисов не е премиер.


Слично

Поврзани вести