ПЕРФЕКТНО ДОСИЕ, НО ОСТАНУВААТ РАЗЛИКИТЕ СО БУГАРИЈА: Не можам да ги кревам очекувањата, рече Османи
Министерот за
надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, во однос на
актуелнот спор со соседна Бугарија вели дека е очигледна активноста на
Европската Унија, но сепак не знае да каже каков ќе биде исходот на 22.јуни.
-Во последно време сме сведоци на невобичаена ангажираност на сите земји членки на ЕУ да биде решен спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, и да добиеме датум за почеток на преговорите, рече Османи, додавајќи дека не може да ги крене очекувањата на граѓаните.
-Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина создава сомнеж во регионот колку е веродостоен овој проект. Мислам дека тоа го чувствуваат земјите-членки, јавно ја вреднуваат нашата работа и постигнувања, со квалификации кои се невообичаени од тимот дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од регионот кон ЕУ, меѓутоа остануваат разликите со Република Бугарија. Јас не сум во состојба во моментот да кажам каков ќе биде исходот на 22 јуни … Ние работиме како да тоа ќе се случи, но не можам да ги кренам очекувањата на граѓаните бидејќи е неизвесно затоа што нејасно е дали во Бугарија има политички мандат и дали ќе има договор по однос на португалскиот предлог, потенцираше шефот на дипломатијата Османи.
